Дома Фудбал Италија Бонучи: Зошто Јувентус да не ја освои Лигата на шампионите?

Бонучи: Зошто Јувентус да не ја освои Лигата на шампионите?

Јувентус во овој момент се наоѓа на петтата позиција на табелата во Серија А после 22 одиграни натпревари и заостанува девет бода зад Интер кој има и натпревар помалку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај актуелната ситуација во која е клубот, Леонардо Бонучи порачува дека Јувентус се уште може да има победничка сезона. Италијанскиот дефанзивец верува дека „старата дама“ може да ја освои Лигата на шампионите.

„Целта е да се избориме за пласман во Лигата на шампионите следната сезона преку Серија А, но и да се бориме да ја освоиме титулата во ова натпреварување во актуелната сезона. Зошто да не?“.

„Минатата година покажавме дека Јувентус се уште е гладен за успех. Не го освоивме Скудетото, но ја освоивме Копа Италија и Суперкупот, па така дадовме одговор на оние кои сметаа дека сме презаситени“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер продолжува со засилувања од Англија

Откако ова лето го доби дефанзивецот Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити без обештетување, а…