Дома Фудбал Бонучи ги стигна Киелини и Де Роси во репрезентацијата на Италија

Бонучи ги стигна Киелини и Де Роси во репрезентацијата на Италија

Репрезентацијата на Италија вчера запиша минимална победа против Англија со 1:0 со која Италијанците ги испратија Англичаните во Б-дивизијата како последни во групата.

Овој натпревар посебен беше за стоперот на Јувентус и италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи.

Имено, Бонучи го одигра својот 117 натпревар во дресот на „Аѕурите“ и со тоа се изедначи на вечната листа по бројот на настапи со неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Џорџо Киелини и легендата на Рома Даниеле Де Роси.

Ќе потсетиме, изненадувачки во оваа група каде што е уште Германија на првата позиција се наоѓа на Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас со само 15 играчи во Ленс: Нè чека жешка атмосфера, Товен е главната опасност

Комо го продолжува дебитантскиот настап во Лигата на шампионите со гостување кај Ленс, а Ф…