Дома Трансфер зона Бонучи верен на „старата дама“: Потпиша до 2021 година!

Бонучи верен на „старата дама“: Потпиша до 2021 година!

Леонардо Бонучи важи за еден од најбараните дефанзивци во Европа, но Италијанецот и остана верен на „старата дама“ и денес потпиша нов договор до 2021 година.

Неговиот потпис беше еден од приоритетите на раководството на клубот, а за новиот договор доби и зголемување на годишната плата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


За Бонучи летово се „тепаа“ премиерлигашите Манчестер Сити и Челзи кои нудеа 60 милиони евра, но дефанзивецот реши да остане во Торино.

Бонучи пристигна во Јувентус во 2010 година и оттогаш е незаменлив дел од тимот на „бјанконерите“, а досега има 291 настапи и 16 гола за составот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Тотенхем блиску до договор за Емерсон

Милан и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на десниот бек Емерсон Ројал, пренесуваа…