Дома Топ вести „Бомба“: Јувентус го продава, Реал спреми понуда за Роналдо

„Бомба“: Јувентус го продава, Реал спреми понуда за Роналдо

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Кристиано Роналдо на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поради пандемијата со коронавирусот италијанските клубови трпат големи загуби, а најпогоден ќе биде Јувентус, кој добива најмногу од ТВ права.

Тоа може да го натера раководството на Јувентус да ја продаде првата ѕвезда, Кристиано Роналдо, кој годишно заработува 31 милион евра и така да ги „амортизира“ загубите.

„Кориере дело Спорт“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Роналдо би можел да се врати во Реал Мадрид.

Јувентус за слободата на Португалецот бара 60 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати и веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…