Дома Топ вести „Бомба“: Погба го напушта Јувентус и се сели во Париз

„Бомба“: Погба го напушта Јувентус и се сели во Париз

Пол Погба минатото лето се врати во Јувентус во „бомбастичен“ трансфер и требаше да биде големо засилување за „старата дама“.

Меѓутоа, Французинот се повреди пред почетокот на сезоната и се врати на терените на почетокот од овој месец.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Притоа, Погба не е во добри односи со тренерот Алегри кој пред неколку дена го исфрли од тимот поради недисциплина.

Поради тоа „Скај Спорт“ пренесува дека Јувентус сака на лето да се ослободи од Погба и од неговата висока плата.

Најсилен интерес за него покажува ПСЖ, кој е спремен да ризикува и да го донесе во своите редови и покрај слабата сезона.

Наводно Јувентус е спремен да го пушти за симболична сума, а ПСЖ веќе почнал преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…