Дома Фудбал „Бомба“ од Островот: Мурињо се враќа во Премиер лигата?!

„Бомба“ од Островот: Мурињо се враќа во Премиер лигата?!

Изненадувачки најави пристигнуваат од Островот, Жозе Мурињо би можел да се врати во Премиер лигата и тоа на клупата на Њукасл.

Информациите се дека Еди Хау би ја одработил сезоната до крај, а потоа на негово место би дошол Мурињо.

Њукасл е клубот кој е во налет, имаат богати сопственици и сериозен трансфер буџет што може да биде примамливо за Мурињо. Исто така сезонава се вратија и во Лигата на шампионите по долги години.

Доколку најавите се остварат Њукасл би бил четвртиот клуб во Англија за Мурињо, претходно ги водеше Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Мурињо минатото лето се поврзуваше и со заминување во Саудиска Арабија, но на крајот одлучи да остане во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини повика 31 фудбалер: Нови лица во Италија за Франција и Белгија

Чисе, Лонтани и Касано се меѓу фудбалерите што чекаат деби за Италија. Палестра се враќа, …