Дома Топ вести „Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ се враќа во Интер?

„Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ се враќа во Интер?

Италијанските медиуми утрово лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте сака да го врати Ибрахимовиќ во Интер.

Италијанските медиуми пишуваат дека Конте разгледува опции за ангажирање напаѓач во јануари, а изборот паднал на три имиња.

Прв на листата е Марио Манџукиќ, кој наводно е блиску до Манчестер Јунајтед, па тешко може да се поверува дека ќе го избере Интер.

Второ име е Златан Ибрахимовиќ, кој лесно би можел да се врати во Европа, а последна опција во моментов е Оливие Жиру од Челзи.

Ибрахимовиќ иако има 38 години игра фантастично во МЛС и не ја затвора вратата за враќање во Серија А, а Интер е место каде што со успех играше цели три години.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гоче може и со десна: Гол на Пандев против Удинезе! (ВИДЕО)

Денес својот натпревар од Серија А го играат Удинезе и Џенова. Македонскиот капитен Горан …