Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Капитенот на Наполи се сели во Милано

„Бомба“ од Апенините: Капитенот на Наполи се сели во Милано

Лоренцо Инсиње се уште не го продолжил договорот со Наполи, па на лето може да ја промени средината.

Инсиње на лето влегува во последната година од договорот, но Наполи се уште му нема понудено продолжување на соработката.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поради тоа неговиот агент одлучи да бара нов клуб за Инсиње и денес имаше средба со директорите на Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Наполи на лето би можел да се пресели на „Сан Сиро“.

Инсиње бара 4 милиони евра по сезона, сума која „росонерите“ се спремни да му ја дадат.

Останува да се види дали Наполи ќе се согласи на ваков трансфер и колку пари ќе бара за својот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…