Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Икарди се враќа во Милано

„Бомба“ од Апенините: Икарди се враќа во Милано

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А во јануари.

Тренерот на ПСЖ, Тухел не му дава шанса на Икарди оваа сезона, па аргентинскиот напаѓач е спремен да ја промени средината.

Најсилен интерес во моментов покажува Милан, кој во Икарди гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ и некој кој ќе биде главен напаѓач во наредните години.

Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди уште во јануари.

Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.

Неговата сопруга и агент, Ванда Нара инсистира да се врати во Италија и Милан го гледа како идеална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Симеоне може да добие засилување од Тотенхем

Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис. …