Дома Топ вести „Бомба“: Ливерпул не се откажува од Кулибали

„Бомба“: Ливерпул не се откажува од Кулибали

Ливерпул се уште не се откажал од намерата да го доведе дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Според „Паризиен“ голема желба на Клоп е да формира тандем Кулибали-Ван Дајк и веќе подолго време работи на трансфер на Сенегалецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај фактот што Ливерпул потроши сериозна сума за трансферите на Алкантара и Диго Жота, сепак раководството е спремно да инвестира во Кулибали.

Весникот тврди дека напаѓачот на Ливерпул Садио Мане се обидува да придонесе за трансферот и го убедува својот сонародник да се пресели на „Енфилд“.

Интерес за Кулибали покажуваат уште Манчестер Сити и ПСЖ, а Наполи за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…