Дома Топ вести „Бомба“: Интер започна преговори за ѕвездата на Тотенхем!

„Бомба“: Интер започна преговори за ѕвездата на Тотенхем!

0

Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.

„Газета дело Спорт“ неодамна пренесе дека скаути на Интер биле присутни на мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити, а во центарот на вниманието бил Кристиан Ериксен.

Целата идеја настанала кога се појави проблем со Мауро Икарди кој се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната. Раководството на „нероаѕурите“ има идеја парите од тој трансфер да ги искористи за купување на Кристиан Ериксен.

Денес се појавија информации дека Интер започнал преелиминарни преговори со Тотенхем за трансфер на Ериксен кој би можел да изнесува 130 милиони фунти.

Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува наредната година, па „спарси“ ќе бидат приморани да го продадат ова лето за да заработат на неговото заминување.

Интер може да си дозволи да ја плати таа сума само доколку го продаде Икарди, а во трансферот би можел да биде вклучен и Перишиќ, за кого Тотенхем подолго време покажува сериозен интерес.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тотенхем ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш е на мета на многу европски гиганти, а најси…