Дома Топ вести „Бомба“: Даглас Коста се врати во Баерн, Јуве го купува Киеза

„Бомба“: Даглас Коста се врати во Баерн, Јуве го купува Киеза

Јувентус подолго време се обидуваше да се ослободи од Даглас Коста за да го донесе Федерико Киеза и конечно успеа.

„Скај Италија“ пренесува дека Јувентус и Баерн постигнале договор и Даглас Коста ќе се врати во Минхен.

Бразилецот утре ќе пристигне на лекарски прегледи и ќе игра во Баерн на едногодишна позајмица. Тоа за него ќе биде враќање на „Алијанц Арена“ од каде пристигна во Јувентус.

Со тоа „бјанконерите“ отворија простор за ангажман на Федерико Киеза. Фиорентина ја прифати понудата од 60 милиони евра која Јувентус ќе ја плати на четири рати.

Утре италијанскиот репрезентативец треба да ги мине лакарските прегледи и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкендија одигра најдобро кога најмногу требаше, пукна „петарда“ во мрежата на „лавовите“

Денес се одиграа натпреварите од 14. коло во ПМФ, а за издвојување е високата победа на Шк…