Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу Маркус Рашфорд и сака да го доведе на „Емирати“, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци води преговори за продолжување на соработката, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик.
Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година, па тој на лето ќе влезе во последната година од договорот, па поради тоа неговата иднина е неизвесна.
Арсенал внимателно ја следи ситуацијата, а Артета е голем симпатизер на Рашфорд и сака да го доведе на „Емирати“.
Рашфорд игра исклучителна сезона и до сега има постигнато 21 гол и 8 асистенции, па Јунајтед сигурно ќе направи се за да го задржи во своите редови.