Дома Фудбал Останато „Бомба“:ПСЖ го избрка Тухел, познат неговиот наследник

„Бомба“:ПСЖ го избрка Тухел, познат неговиот наследник

Томас Тухел повеќе не е тренер на Пари Сент Жермен, бидејќи раководството реши да му врачи отказ.

Еминентниот „Екип“ потврди дека синоќа спортскиот директор Леонардо му соопштил на германскиот стратег дека добива отказ шест месеци пред истекот на договорот.

Томас Тухел стана тренер на ПСЖ во 2018 година, го предводел клубот на 127 натпревари. Минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампионите, но не успеа да слави против Баерн Минхен.

Медиумите тврдат дека ПСЖ веќе има договор со Маурисио Покетино и во наредните денови официјално ќе го потврди Аргентинецот за нов кормилар.

Наредниот натпревар „светците“ го играат на 6-ти јануари, па се очекува наскоро да се огласат од францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерлигашка ѕвезда се повлече од репрезентацијата на Швајцарија пред натпреварот со Македонија

НОА ОКАФОР (26), напаѓач на Лидс, донесе одлука привремено да се повлече од швајцарската р…