Дома Фудбал Боксот се укинува од Олимписките игри?!

Боксот се укинува од Олимписките игри?!

За прв пат на Летните Олимписли Игри ќе гледаме флег фудбал, кој е поблага верзија на американскиот фудбал, а се враќаат и крикетот и лакросот по повеќе од 100 години отсуство. Исто така, бејзболот и софтболот ќе најдат свое место во Лос Анџелес, но ќе има спортови и кои ќе отпаднат.

Брејкденсот кој не се прослави во Париз сигурно нема да го гледаме за четири години. Вториот спорт кој би можел да се отстрани е боксот.

Ова би било големо изненадување бидејќи дури и старите Грци во своите антички ОИлимписки игри имале некое примитивно натпреварување во бокс. Но, традицијата би можела да се прекине во Лос Анџелес за четири години. Како што пишуваат бројни странски медиуми, боксот засега не е списокот спортови за игрите во Лос Анџелес.

Ситуацијата не е едноставна. Причината е голем конфликт меѓу МОК и Меѓународната боксерска федерација кој беснее со години, а на овие Игри ескалира кога им беше дозволено да се натпреваруваат боксери за кои се сомневаше дека се мажи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…