Дома Фудбал Англија Богатство за Канте: Французинот ќе заработува повеќе и од Азар!

Богатство за Канте: Французинот ќе заработува повеќе и од Азар!

Ѕвездата на Челзи, Нголо Канте наскоро ќе потпише нов договор со клубот од „Стенфорд Бриџ“, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


27-годишниот француски репрезентативец има договор со „сините“ до јуни 2021 година, но Челзи сака да му понуди догорочен договор со подобри услови за да ги запре нападите кон играчот од страна на Пари Сент Жермен.

Според информациите кои пристигнуваат од Островот, Канте со новиот договор ќе стане најплатен фудбалер на Челзи и ќе заработува повеќе од Азар. Белгиецот во моментов добива 220.000 фунти неделно, а Французинот би требало да заработува помеѓу 300 и 350.000 фунти неделно.

Канте беше трансфер цел на ПСЖ кој во текот на летото испрати понуда од 80 милиони евра и му понуди двојно повисока плата, но Французинот реши да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Поради тоа како награда ќе добие нов договор според кој ќе биде еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ја зневери на Барса и премина во Реал: “Се лутат на мене? Па, невозможно е да се одбие најголемиот клуб на светот”

Марк Кукуреља стана нов член на Реал Мадрид. Детето на Барселона дојде од Челси за скоро 6…