Дома Трансфер зона Боатенг: Му се јавив на Мурињо и му објаснив зошто го одбив Јунајтед!

Боатенг: Му се јавив на Мурињо и му објаснив зошто го одбив Јунајтед!

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг изјави дека е почестен што интерес за него пројави Жозе Мурињо, и јавно му се заблагодари за понудата да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот дефанзивец притоа откри дека лично му телефонирал на Жозе Мурињо за да му објасни зошто го одбива Манчестер јунајтед.

„Му се јавив на Мурињо и му реков дека сум почестен поради интересот и неговата голема упорност да ме ангажира Манчестер Јунајтед. Му ги објаснив причините зошто не ја прифатив понудата“, изјави Боатенг.

„Тешко е да се напушти Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот, особено откако тренер е Нико Ковач кој ме увери дека сум многу важен за тимот. Имав понуди од ПСЖ и Манчестер јунајтед и ги разгледував, но на крајот одлучив да останам“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…