Дома Фудбал Репрезентации Блеснаа девојките: Убедлива победа против Летонија во Рига!

Блеснаа девојките: Убедлива победа против Летонија во Рига!

Во натпреварот од 3. коло во квалификациите за СП македонската женска фудбалска репрезентација ја победи Летонија во Рига со убедливи 1:4.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Избраничките на Кирил Изов одиграа одличен натпревар и заслужено ги освоија три бода. Резултатот го отвори Рочи во 9. минута, а после половина час игра Наташа Андонова се погрижи за 2:0. Набрзо по голот на Андонова Летонија намали на 1:2 сепак, тоа не донесе проблеми во нашите редови, девојките продолжија во ист ритам.

Веднаш на почетокот на првото полувреме Максути се запиша во листата на стрелци за 3:1, конечните 4:1 ги постави Андонова во 63. минута од пенал.

За нашата репрезентација ова беше прва победа после двата порази, Летонија има три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…