Дома Фудбал Репрезентации Блеска во Арсенал, но Дешам вели дека за Франција не бил доволно добар

Блеска во Арсенал, но Дешам вели дека за Франција не бил доволно добар

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам не е задоволен од настапите на Вилијам Салиба.

Стоперот на Арсенал не може да очекува многу минути во тешката конкуренција во Франција, бидејќи Французите во последната линија ги имаат: Бенџамин Павард, Дајо Упамекано, Ибрахим Конате, Лукас Ернандез, Жан Клер Тодибо и младиот Јоро.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


“Салиба има добра сезона, но исто така прави работи кои не ми се допаѓаат. За Франција не беше на потребното ниво кога добиваше шанса”, изјави Дешам.

Сепак, се очекува Салиба да добие шанса во пријателскиот натпревар вечерва против Чиле, откако на последниот натпревар против Германија остана на клупата за резерви.

Ова секако му одговара на Микел Артета, бидејќи се очекува да се врати поодморен по репрезентативната пауза.

Останува да се види дали Салиба ќе биде меѓу патниците за ЕУРО 2024, но навистина би било изненадувачки доколку тој не се најде ниту во ростерот со 23 играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …