Дома Фудбал Лига на шампиони Блескаа Захави и Геце: ПСВ ја потопи Галатасарај! 🎥

Блескаа Захави и Геце: ПСВ ја потопи Галатасарај! 🎥

Вечерва беа одиграни првите натпревари од второто претколо во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието беше дуелот ПСВ – Галатасарај.

ПСВ пред своите навивачи одигра фантастичен натпревар и успеа да ја прегази Галатасарај со 5:1, па само чудо може да ги одведе Турците во наредното коло.

Домаќините поведоа во петтата минута преку Захави, истиот играч во 35. Минута зголеми на 2:0. Седум минути подоцна Галатасарај се врати во игра со гтолот на Килиниц и изгледаше дека се враќаат во натпреварот.

До трет гол ПСВ дојде во 52 минута и тоа преку Германецот Марио Геце. Во самиот финиш ПСВ постигна уште два гола. Прво Захави дојде до хет-трик, а супер натпреварот го круниса Геце кој вечерва изгледаше како да се враќа во поранешната форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Покетино го продолжи договорот со ПСЖ

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино во ПСЖ пристигна во јануари на местото на Томас Ту…