Дома Фудбал Германија „Би се обложил во 100 евра дека Халанд нема да си замине од Борусија“

„Би се обложил во 100 евра дека Халанд нема да си замине од Борусија“

Eден од челниците на Борусија Дортмунд Себастијан Кел изјави дека е спремен да се обложи во 100 евра дека Халанд ќе остане во Дортмунд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Младиот норвешки фудбалер потпиша договор до 2024 година, но се најавува дека на крајот на оваа сезона ќе ја промени средината затоа што за него се заинтересирани најголемите европски клубови. Сепак, во Борусија немаат намера лесно да го пуштат.

„Сакаме да почувства дека Дортмунд и понатаму е вистинскиот клуб за него. Можеби ќе можеме да го убедиме, ќе направиме се што е во наша моќ. Одлуката не е донесена, но би се обложил во 100 евра дека ќе остане“, изјави Кел.

Овој период Халанд е надвор од терените поради повреда, а според дел од германските медиуми нема да се врати на терените до крајот на календарската година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…