Младиот играч на Црвена Звезда, Андрија Радуловиќ е на мета на многу европски клубови.
Неговиот агент потврди дека во трката за потписот на 18-годишниот Радуловиќ се вклучил и италијанскиот гигант Милан.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Неговото име е скаутирано од Милан уште кога во клубот беше Звонимир Бобан. Андрија е еден од најголемите таленти во Европа и интересот на „росонерите“ не е изненадување. Го споредуваат со Савичевиќ, па може да тргне по стапките на Дејан“, изјави агентот Којиќ.
Коментари