Дома Македонски спорт Мак фудбал Билетите за мечот Македонија Ѓорче Петров – ЦСКА Софија по цена од 300 денари

Билетите за мечот Македонија Ѓорче Петров – ЦСКА Софија по цена од 300 денари

Реванш натпреварот од Конференциската лига против ЦСКА Софија, Македонија Ѓорче Петров ќе го игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Поради односот помеѓу државите овој натпревар уште од сега почнува да привлеквуа внимание. Така Македонија Ѓорче Петров одлучи да ги пушти билетите во продажба и тие се продаваат по цена од 300 денари.

„Билетите за натпреварот против ЦСКА Софија ќе можете да ги купите на стадионот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ по цена од 300 денари почнувајќи од утре ( среда ) 13.07.2022 до ден пред натпреварот 20.07.2022 во периодот од 09-11 часот и од 17-20 часот. Секој може да купи највеќе две карти за што е потребена лична карта“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Францускиот репрезентативец Нголо Канте во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Чел…