Дома Фудбал БИЛД: Нико Ковач е еден од кандидатите за клупата на Дортмунд

БИЛД: Нико Ковач е еден од кандидатите за клупата на Дортмунд

Нико Ковач после нешто повеќе од година ипол доби отказ во Баерн откако неговиот тим имаше серија лоши резултати, а тоа беше доволно управата да му се заблагодари.

Од тогаш се шпекулира каде би можел Ковач да ја продолжи тренерската кариера, а германски Билд пренесува вест дека тој е еден од кандидатите за клупата на Борусија Дортмунд.

Последниот кикс на Милионерите против Падерборн дополнително ја разниша клупата на тренерот Фавр, а сега му е ставено до знаење дека мора да оствари победа против Барселона во ЛШ и Херта во Бундеслигата доколку сака да ја задржи позицијата.

Во Борусија имаат голема почит кон Ковач поради неговите резултати во Ајнтрахт, но прашање е како навивачите ќе го пречекаат со оглед на тоа дека го водеше нивниот најголем ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор до 2032, а агентот го испитува пазарот: Што се случува со Гравенберх?

Според непотврдено тврдење на Икс, агентот на Рајан Гравенберх контактирал со европски клу…