Дома Фудбал Билбао објави видео од славјето во соблекувална после победата над Барселона

Билбао објави видео од славјето во соблекувална после победата над Барселона

Адуриз во февруари оваа година наполни 38 години, но голгетерот на Атлетик Билбао не загубил ништо од своите фудбалски вештини.

Синоќа со дуелот Атлетик Билбао и Барселона на Сан Мемес беше отворена новата сезона во шпанска Ла Лига, а ѕвезда на вечерта беше Адуриз.

Адуриз влезе во игра во 88 минута, при резултат 0:0, а веќе во следната минута постигна мајсторски погодок со ножички за победа на својата екипа.

Навивачите на Атлетик Билбао уште еднаш беа сведоци на мајсторија од легендата на својот клуб, а имуни на неговиот магичен погодок не останаа ниту соиграчите.

Така, Адуриз имаше убав пречек при влегувањето во соблекувалната после натпреварот.

Сите кои беа во соблекувалната му честитаа, со аплаузи и овации, а видео од атмосферата објави Билбао на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…