Барселона се уште не успева во целост да излезе од финансиската криза и има долг од 1.3 милијарда евра, а на сето тоа на никого не му е јасно како Лапорта во сред криза си дозволи да потроши 160 милиони евра.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонците се обидуваат да заработат од својот имот, па така го изнајмуваа „Камп Ноу“ за свадби, а сега сведоци сме и на една бизарна работа. Имено, во клупската продавница Барселона продава „пакетичња“ трева од „Камп Ноу“.




Со спонзорските договори, продажбата на името и продажба на удели во своите компании за ТВ права и маркетинг, Барселона собра околу една милијарда приходи, но и тоа не беше доволно за да се регистрираат новите засилувања.




Во Барселона сега ги убедуваат играчите да прифатат помали плати, а некои се и на трансфер листата.




