Дома Фудбал Репрезентации Биелса по елиминацијата на Уругвај: Со вакви играчи не успеав, јас сум виновен

Биелса по елиминацијата на Уругвај: Со вакви играчи не успеав, јас сум виновен

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса ја презеде одговорноста за поразот на својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбија го совлада Уругвај со 1:0 и се пласираше во финалето на континенталното натпреварување каде ќе ги одмери силите против Аргентина.

„Гледајќи го индивидуалниот квалитет, јасно беше дека Уругвај е фаворит. Според мене, имав тим со посилен индивидуален талент од противникот, но не успеавме да ја материјализираме таа разлика. Јас сум виновен, бидејќи не успеав со вакви играчи“, рече Биелса.

Уругвај не го искористи и тоа што цело второ полувреме имаше играч повеќе.

„Не бевме во состојба да ја искористиме предноста од играч повеќе. Кога тим со помал индивидуален талент победи, логично е дека тренерот е виновен за водењето на репрезентацијата“, заклучи селекторот на Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Покажа зошто го сакаа Интер и Јувентус: Првенецот на Мухаремовиќ за Лидс е спектакуларен! (Видео)

Босанскиот репрезентативец Тарик Мухаремовиќ забележа својот прв гол во дресот на Лидс и т…