Дома Фудбал Англија Бејл: Ова беше идеалниот момент за враќање!

Бејл: Ова беше идеалниот момент за враќање!

Герет Бејл се врати во Тотенхем и истакна дека ова било совршен момент за враќање во клубот каде ја достигна својата фудбалска афирмација.

Тој ќе игра за Тотенхем како позајмен од Реал Мадрид до крајот на сезоната и после 7 години повторно ќе го облече дресот на „спарси“.

„Овој клуб е посебен за мене. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам еден ден, и сега тоа е реалност. Јас сум во вистинско време во мојата кариера за овој трансфер и мислам дека совршено ќе одговарам на Тотенхем. Мотивиран сум, сакам да настапам на ниво и едвај чекам да играм повторно, изјави Бејл, кој има 56 гола на 203 натпревари за Тотенхем.

Клубот откри дека Бејл, кој се повреди на паузата за репрезентациите, ќе биде подготвен да игра во октомври.

„Се надевам дека наскоро ќе бидам во форма. Сакам да му помогнам на тимот да освои трофеј. Исто така, во Реал Мадрид докажав дека имам победнички менталитет. Знам како да играм во финалињата, како да се справам ментално со притисок и големи очекувања. Ова искуство е непроценливо и можам да им го пренесам на момците во тимот. Тие самите мора да веруваат дека можеме да освоиме трофеи“, додаде велшкиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барди: Јас сум Албанец, но за Македонија играм со гордост и давам се од себе!

Енис Барди е еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација која на 12. ноември…