Дома Фудбал Англија Беше на излезна врата, сега е незаменлив: Матиќ во Јунајтед до 2023 година!

Беше на излезна врата, сега е незаменлив: Матиќ во Јунајтед до 2023 година!

Манчестер Јунајтед денес потврди дека Немања Матиќ ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност до 2023 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот играч за врска на почетокот на сезоната не добиваше минутажа, па дури се шпекулираше со негово заминување, но од февруари е незаменлив во тимот на Солскјер.

Матиќ му даде стабилност и баланс на тимот, па раководството го награди со нов тригодишен договор.

„Како фудбалер мислам дека можам уште многу да дадам и да ја збогатам мојата кариерата. Голема чест е што ќе можам тоа да го направам со Манчестер Јунајтед“, изјави Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Желби кои треба да се исполнат: Кого сè Мурињо сака во Реал!

Жозе Мурињо, кој се очекува со голема извесност да стане новиот тренер на Реал Мадрид, веќ…