Дома Трансфер зона Берлускони и Галијани ќе го убедуваат Пандев да не ја завршува кариерата?

Берлускони и Галијани ќе го убедуваат Пандев да не ја завршува кариерата?

Според она што се пишува во медиумите во Италија второлигашот Монца, тим кој е предводен од Берлускони и Галијани ќе се обиде да го доведе Горан Пандев.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пандев се уште дефинитивно не ја соопштил својата одлука, но најавите се дека после Европското првенство со Македонија ќе оди пензија. Во Монца сепак сакаат барем да се обидат да го убедат Пандев да ја продолжи кариерата и да одигра уште една сезона за нив.

Информациите на Италијанците се дека Монца на Пандев ќе му понуди договор на една година со можност истиот да биде продолжен, тие се спремни да му понудат и нешто повисока плата од онаа која ја заработува во Џенова.

Останува да видиме дали оваа одлука може да влијае на одлуката на Пандев, а тоа ќе го знаеме после Европското првенство, во овој момент капитенот секако е фокусира на настапите за репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…