Дома Фудбал Англија Бербатов: На овој Јунајтед не би му помогнале ниту Меси и Роналдо

Бербатов: На овој Јунајтед не би му помогнале ниту Меси и Роналдо

Бугарскиот фудбалер Димитар Бербатов неодамна објави крај на кариерата и од тогаш почесто се огласува во медиумите.

Бербатов сега зборуваше за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач отворено порача дека на овој Јунајтед со ваква игра не би му помогнале ниту Меси и Роналдо.

„Тешко е да се работи на трансфер пазарот, така е дури и кога имате пари. Јунајтед покажува дека не може да стигне до резултатите кои ги посакува. Колку и лошо да звучи имам впечаток дека на овој Јунајтед не би му помогнале ниту Меси и Роналдо бидејќи тимот нема никаква игра“.

Сепак потоа и го одбрани Солскјер.

„Натпреварот против Њукасл можеби беше најслаб на Јунајтед во последните неколку години. Заслужија да изгубат, не направија ништо и не покажаа квалитет. Како што кажав многу пати до сега, сакам да останам позитивен и да го поддржам тренерот кој е во тешка ситуација“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …