Дома Фудбал Лига на шампиони Бенитез пред финалето: Овој Ливерпул е подобар од мојот и може да слави во Киев

Бенитез пред финалето: Овој Ливерпул е подобар од мојот и може да слави во Киев

benitez

Шпанскиот тренер и поранешен стратег на Ливерпул и Реал Мадрид, Рафа Бенитез даде свој коментар пред финалето во Лигата на шампионите кое ќе се игра во сабота вечер во Киев.

Како што е познато во финалето ќе се сретнат Ливерпул и Реал Мадрид, а Бенитез смета дека „црвените“ имаат шанси да победат и да стигнат до нова титула шампион на Европа. Исто така Шпанецот го спореди „својот“ Ливерпул од 2005 година и овој денешниот и призна дека Јирген Клоп има подобар тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Сите зборуваат за инстанбулското чудо, но мислам дека денешниот тим на Ливерпул е подобар. Ако зборуваме за парите кои се вложени, јас имав буџет од 20 милиони фунти, а овој тим денес вреди многу повеќе. Секако, го имавме Џерард, но и играчи како Чаби Алонсо или Хамана. Имав добар баланс во тимот. Овој тим исто така баланс со три играчи во нападот кој може да направи разлика. Ние тогаш имавме можеби еден таков. Кога е комплетниот квалитет во прашање мислам дека Ливерпул на Клоп е подобар, посебно во нападот“, изјави Бенитез кој за крај зборуваше за евентуалниот исход од натпреварот.

„Реал има искуство со играњето во вакви натпревари, но и квалитет. Сепак, мислам дека Ливерпул има шанси да победи во Киев. Имаат интезитет, квалитет, желба и страст“, заврши Шпанецот.

Да потсетиме, финалето се игра во сабота со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…