Дома Топ вести Бензема доби понуда од 200 милиони, размислува да го напушти Реал Мадрид

Бензема доби понуда од 200 милиони, размислува да го напушти Реал Мадрид

Карим Бензема се уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид и следниот месец ќе биде слободен агент.

Во меѓувреме Французинот доби „бомбастична“ понуда од Саудиска Арабија и сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот Релево тврди дека неименуван клуб од Саудиска Арабија на Бензема му нуди дури 200 милиони евра за две сезони, односно до летото 2025 година.

Покрај тоа, Бензема би добил дополнителни бонуси за авторски права, додека неговите деца би имале соодветно образование, идентично како во Мадрид и дека условите за живот се повеќе од совршени.

Ова може да биде проблем за Реал бидејќи сака да го задржи напаѓачот, а тој пак сериозно размислува да ја прифати понудата од Саудиска Арабија, потврди „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор, Лукаку се сели во Наполи

Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Како …