Дома Трансфер зона Бенатиа на чекор од Милан – позната сумата и формулата на трансферот

Бенатиа на чекор од Милан – позната сумата и формулата на трансферот

Мехди Бенатиа јавно го изрази своето незадоволство од минутажата која ја добива оваа сезона, па најверојатно ќе го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок.

Најсилен интерес за 31-годишниот Мароканец покажува раководството на Милан, кое е во потрага по замена за Калдара кој подолго време ќе отсуствува поради повреда.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ веќе започнале преговори и се многу блиску до реализација на трансферот, бидејќи Јувентус нема да се противи на продажбата на дефанзивецот.

Имено, Бенатиа најверојатно ќе се пресели на „Сан Сиро“ во јануари на шестмесечна позајмица со задолжителен откуп на лето за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…