Синиша Михајловиќ пронајде решение во случај Торино да го продаде најдобриот напаѓач, Андреа Белоти. Во прашање е Симеоне Заза, кој проработи во дресот на Валенсија, но како што се наведува изразил желба да се врати во Италија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Заза во досегашниот тек од сезоната постигна пет погодоци во Примера, вклучувајќи го хет-трикот против Малага изминатата недела.
Угледниот весник „Марка“ наведува дека Торино веќе некое време сериозно и детално го следи Заза и смислува план да го ангажира, можеби веќе во зимскиот преоден рок. Ако не тогаш, би можело тоа да се случи и следната година.
Заза така би се враи во градот во кој веќе играше, но во дресот на Јувентус. Имаше и една епизода, не толку успешна, во дресот на англиски Вест Хем.
Тој во Валенсија пристигна во јануари, прво на позајмица, а потоа во јули шпанскиот клуб го откупи неговиот договор, кој чинеше околу 18 милиони евра.
„Марка“ тврди дека Заза е моментално среќен на Местаља, но дека и во клубот се подготвени да ги слушнат сите финансиски понуди.