Дома Фудбал Белгија си даде автогол и ја испрати Франција во четвртфинале🎥

Белгија си даде автогол и ја испрати Франција во четвртфинале🎥

Франција и Белгија одиграа крајно неизвесен и израмнет дуел, кој на крајот беше решен со автогол при крајот на мечот.

Трагичар за Белгија беше Јан Вертонген, кој во 85-та минута си постигна автогол и и донесе победа на Франција.

Белгија имаше свои можности преку Де Брујне и Лукаку, но не успеа да постигне гол, па кога сите очекуваа дека мечот ќе оди во продолженија „триколорите“ дојдоа до водство.

Коло Муани шутираше, Вертонген го смени правецот и го измами сопствениот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Талески ја реши драмата на „Кукуш“, Македонија У19 заврши со победа

Македонските младинци ја совладаа Малта со 3-2, со решавачки погодок на Габриел Талески во…