Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Белгија без Куртоа на ЕП, но има и уште едно големо изненадување

Белгија без Куртоа на ЕП, но има и уште едно големо изненадување

Селекторот на Белгија, Доминик Тедеско денеска го објави списокот со 25 фудбалери за Европското првенство во Германија. Имаат право селекторите да вбројат по 26 играчи на списоците, но Италијанецот се одлучи за еден помалку.

Изненадување на списокот на Тедеско е враќањето на 35-годишниот Акесел Витсел. Витсел минатата година објави дека ја завршува репрезентативната кариера, меѓутоа очигледно Тедеско го убедил да се врати. Низ кариерата играчот за врска собра 130 настапи за репрезентацијата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На списокот го нема ниту Тибо Куртоа, но тоа не е големо изненадување затоа што голманот на Реал Мадрид во декември имаше конфликт со селекторот на Белгија. Тедеско тогаш јавно откри дека Куртоа го напуштил кампот на репрезентацијата кога му било кажано дека нема да биде капитен.

Во нападот повик доби и Ромелу Лукаку заедно со Опенда од Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…