Дома Фудбал Лига на шампиони Бекам пред реваншот во Париз: Тешко е да се каже кој ќе победи, тоа ќе биде спектакл

Бекам пред реваншот во Париз: Тешко е да се каже кој ќе победи, тоа ќе биде спектакл

Дејвид Бекам нема да го пропушти реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, двата клуба во кои некогаш настапуваше.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бекам за Реал Мадрид потпиша во 2003 година, а до 2007 година освои два трофеи, титулата шампион на Шпанија и шпанскиот Суперкуп.

Потоа го носеше дресот на Л.А Галакси, Милан, па во 2013 на Пари Сен Жермен. Одигра една солидна сезона ја освои титулата во француското првенство и ја заврши кариерата.

„Тоа ќе биде вистински спектакл! Тешко да се одлучи кој ќе победи. Во Реал поминав четири прекрасни години, а во ПСЖ не се задржав долго. Секако, ги сакам и двата клуба, нивните навивачи и страста“, зборуваше Бекам.

„Паркот на принцовите“ од поодамна е распродаден и едно е сигурно реваншот ќе биде полн со возбудвања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…