Безобразна понуда од осум цифри е пред капитенот на Наполи!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таткото на Марек Хамшик тврди дека шансите неговиот син да се пресели во Кина ова лето се многу реални. Словакот е најдобар стрелец во историјата на Наполитанците, а ако остане во клубот и следната сезона му се потребни само уште 11 натпревари за да го надмине и рекордот по бројот на настапи.
Сепак, тоа не изгледа како сигурна работа бидејќи фудбалерот добил безобразна понуда од далечниот исток – 10 милиони евра по сезона!
„Интересот од Кинезите е сериозен, а преговорите не се лесни. Веќе три години Марек го отфрла предлогот за напуштање на Наполи, фокусиран беше на Скудетото, но клубот не ја исполни таа цел. Главниот проблем е преодниот рок, во Кина тој е на зима, а не сега, па прашање е кога овој трансфер би можел да се реализира“, изјави Ричард Хамшик, таткото на Словакот.
Сепак и покрај тоа Хамшик сениор тврди дека шансите за трансфер постојат.
„Клубовите имаа различни идеи, сезоната во Азија е во полн ек, а многу се лимитирани и по бројот на странци. Марек во Неапол има договор на уште три години, па поради тоа се е во рацете на неговиот агент и претседателот Де Лаурентис. Во овој момент шансите за заминување во Кина се 60-40%, а нашиот агент Јурај Венглош закаѓа преговори со претседателот на Наполи“, откри таткото на фудбалерот.
Хамшик сениор на крајот откри и дека на трансферот на Марек во Кина „работи“ и неговиот поранешен соиграч од Наполи, Езекиел Лавеци кој го носи дресот на Хебеи.