Дома Македонски спорт Мак баскет Бајиќ за плановите со Македонија: Само до подмладување може да имаме подобра иднина

Бајиќ за плановите со Македонија: Само до подмладување може да имаме подобра иднина

Она што беше најавено пред крајот на минатата недела, во текот на вчерашниот ден доби официјална потврда. Српскиот стручњак Драган Бајиќ е нов селектор на македонската сениорска репрезентација, а вчера е претставен на прес-конференција во организација на нашата федерација

Бајиќ се осврна на своите планови во иднина и се заблагодари на можноста да ја води репрезентацијата на Македонија.

Денес Бајиќ за официјалниот сајт на КФСМ потенцираше дека подмладувањето ќе биде главна цел.

„Се разбира, тоа мора да биде приоритет во националниот тим бидејќи само така можеме да се надеваме на подобра иднина. Секоја друга политика може да биде погубна, а јас како селектор, ќе се обидам со добра работа и добри тренинзи, да им помогнам на тие млади кошаркари што побрзо да созреат и да бидат носители на играта во репрезентацијата“

Ќе го користи Џејкоб Вајли и понатаму во репрезентацијата?

„Низ разговорите со луѓето од Федерацијата, дознав дека се работи за еден квалитетен играч и добро и чесно момче. Ќе ја следам ситуацијата и со него и со останатите кошаркари и ќе видиме на кои позиции ќе бидеме дефицитарни, па така ќе одлучиме кое ќе биде странското засилување.“

За Бајиќ е голема чест да биде селектор на Македонија.

„На секој тренер, круна на кариерата му е да биде селектор на една репрезентација. Јас ја добив таа можност и секако дека ми е голема чест и задоволство, особено бидејќи станува збор за Македонија. Ја сакам оваа држава, го сакам Скопје и навистина ќе ми биде голем предизвик. Одлуката ја донесов и поради некои резултати на репрезентацијата од поблиското минато и се надевам дека ќе успееме да ги повториме.“

Целото интервју на Бајиќ можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…