Дома Топ вести Барселона ја доби битката за потписот на Рафиња

Барселона ја доби битката за потписот на Рафиња

Лидс и Барселона постигнале договор за трансфер на Бразилецот Рафиња на „Камп Ноу“.

Рафиња беше пред трансфер во Челзи, но Барселона во последен момент испрати нова понуда од 60 милиони евра плус 10 милиони евра како бонуси, колку што бараше Лидс.

Бразилецот од самиот старт преферираше трансфер во Барселона и од поодамна има договор со Каталонците.

Последните информации се дека двата клуба ги договориле последните детали и трансферот на Рафиња на „Камп Ноу“  е само прашање на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…