Дома Трансфер зона Барселона тргнува по уште еден Паулињо – цената 30 милиони евра!

Барселона тргнува по уште еден Паулињо – цената 30 милиони евра!

Како што пишува каталонски „Спорт“ еден од најталентираните бразилски фудбалери се наоѓа на радарот на гигантот од Каталонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона во своите редови веќе има еден Паулињо, а наскоро би можела да добие уште еден.

Покрај репрезентативецот на „кариоките“ кој беше доведен на „Ноу Камп“ наскоро Барса би можела да го доведе неговиот сонародник од редовите на Васко Де Гама.

Станува збор за 17 годишен фудбалер кој важи за бисер на бразилскиот фудбал, а според многумина по стилот на игра најмногу потсетува на Фелипе Кутињо.

Според „Спорт“ Барселона се обидува да го доведе колку што е можно побрзо со цел да се развива под условите на каталонскиот гигант.

Васко за неговите услуги бара 30 милиони евра, но со оглед на тоа дека овој клуб во овие моменти се наоѓа во финансиски проблеми не е исклучена и можноста да прифати помала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…