Дома Фудбал Барселона спреми нови договори за три ѕвезди

Барселона спреми нови договори за три ѕвезди

Раководството на Барселона работи на продолжување на соработката со неколку свои фудбалери, пренесува „Мундо Депортиво“.

Каталонците сакаат долгорочно да ги задржат плејмејкерот Гави, како и дефанзивците Роналд Арухо и Маркос Алонсо.

Преговорите помеѓу клубот и овие играчи се во напредна фаза и наскоро се очекува да стават потпис на нови договори.

Барселона исто така работи и на продолжување на договорите на голманот Инаки Пења и левиот бек Алехандро Балде, кој беше повикан и на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…