Дома Трансфер зона Барселона работи на изненадувачки трансфер

Барселона работи на изненадувачки трансфер

Во Барселона работат на трансфер кој ќе ги изненади сите. Станува збор за фудбалерот на Сасуоло, Жереми Бога, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бога е 22-годишен офанзивен фудбалер кој игра на крилните позии, но може да игра и како централен напаѓач. Тој е бивш фудбалер на Челзи, но не успеа да се избори за минутажа на „Стенфорд Бриџ“, па се пресели во Италија во 2018 година.

Сасуоло за неговиот потпис плати 3 милиони евра, а моменталната цена на играчот изнесува 15 милиони евра.

Исто така медиумите откриваат дека Барселона испратила понуда до бившиот напаѓач на Арсенал, Карлос Вела, кој беше најдобар стрелец во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…