Дома Фудбал Барселона планира брутална одмазда за Дембеле

Барселона планира брутална одмазда за Дембеле

Осман Дембеле се уште не донел одлука каде ќе игра следната сезона, а неговиот договор со Барселона завршува за четири дена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекуваше Дембеле да го реши прашањето за неговата иднина до завршување на договорот, но тоа не се случи, а најголема причина се неверојатните услови кои ги постави неговиот агент Муса Сисоко.

Клубовите кои покажаа интерес за Дембеле се повлекоа од преговорите поради огромните бонуси кои ги бара Сисоко.

Каталонски „Спорт“ објави дека Дембеле во моментов ја има само понудата на Барселона, која го губи трпението затоа што Французинот воопшто не одговорил и флертува со други клубови.

Поради тоа раководството на Барселона размислува да ја повлече понудата и така да го остави Дембеле во неизвесност за неговата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Ноер собори неколку рекорди

Легендарниот чувар на мрежата на Баерн Минхен и Германија Мануел Ноер повторно забележа ни…