Дома Фудбал Барселона од заминувањата скоро ништо не заработи, но буџетот е значително ослободен

Барселона од заминувањата скоро ништо не заработи, но буџетот е значително ослободен

Екипата на Барселона направи бројни промени во претходниот период.

Каталонскиот гигант одлучи да направи еден вид на ремонт и клубот го напуштија некои фудбалери, а сумите беа навистина симболични со оглед на имињата на играчите.

Барса од тие трансфери скоро и да не заработи ништо, но нивниот буџет е растеретен.

Најмногу простор ќе направи заминувањето на Луис Суарез неговата плата изнесуваше 23.4 милиони евра, покрај него големи договори имаа Иван Ракитиќ и Артуро Видал.

Хрватскиот фудбалер за минатата сезона заработи нешто повеќе од 13 милиони евра, Видал добиваше девет милиони евра, а тука беа и петте милиони евран а Артур.

Единствена поголема сума која Барселона ја заработи од продажбите е од Нелсон Семедо. Кој денес премина во Вулвс за 30 милиони евра + 10 како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…