Дома Фудбал Барселона објави зделка која на клубот ќе му донесе 207 милиони евра

Барселона објави зделка која на клубот ќе му донесе 207 милиони евра

Барселона направи голем чекор напред кон тоа финансиски да го стабилизира клубот, откако продаде 10% од ТВ правата во наредните 25 години на американска компанија.

Со оваа зделка клубот ќе добие капитална добивка од 267 милиони евра веднаш, потврдија од „Камп Ноу“. Ова ќе и даде можност на Барселона да ја заврши сезоната 2021/22 со позитивен баланс. Компанијата 207,6 милиони евра ќе ги уплати веднаш.

Ако раководството не го склучеше овој договор до 30 јуни, Барселона ќе ја завршеше сезоната со загуби од 150 милиони евра. Сега, клубот има позитивен баланс и ќе може да прави инвестиции на трансфер пазарот.

Каталонците донесоа одлука да ги стават на продажба 49,9% од акциите на фирмата „БЛМ“, тоа е дел од клубот што се занимава за брендирањето и маркетинг, а таа зделка ќе биде завшена во наредните месеци и на клубот ќе му донесе додатни 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…