Дома Фудбал Барселона му „фрли око“ на Тиери Анри

Барселона му „фрли око“ на Тиери Анри

Раководствотот на Барселона веќе почна да бара замена за Ернесто Валверде, кој на крајот на сезоната готово сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барселона не ја исклучува можноста Валверде да остане уште една сезона на кормилото, но сепак почнаа да разгледуваат различни опции за нов тренер.

Според каталонскиот весник „Спорт“ дел од директорите на Барселона сметаат дека Тиери Анри е многу добра варијанта за заменик на Валверде.

Пред неколку месеци легендарниот Французин потпиша двегодишен договор со канадскиот Монтреал Импакт. Тој ги направи првите чекори во тренерската кариера како помошник на Мартинез во белгиската репрезентација.

Потоа имаше неуспешна кратка авантура во Монако, но раководството на Барселона смета и покрај недостатокот на искуство, сепак би можел со успех да го води тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moќта на социјалните мрежи: Алиша Леман фудбалерка на сезоната – пет пати стартуваше и даде еден гол!

Алиша Леман, која има 27 години, ја доби титулата за најдобра фудбалерка на сезоната во Ле…