Дани Олмо е блиску до враќање во Барселона, oбјави Мундо Депортиво во написот под наслов „Операцијата Олмо започна. Ситуацијата е веќе многу сериозна“.
Во средата се одржала средба меѓу претставниците на Олмо и луѓето од Барселона. Заминувањето на Олмо од Лајпциг би можело да биде добра вест за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој така би добил повеќе простор за игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Барселона не сака да ризикува со Олмо, за кого и онака ќе има многу заинтересирани клубови. Токму затоа Деко се сретнал со менаџерите на играчот Енди Бара и Хуанма Лопез со кои одржал клучен состанок, а на средбата присуствувал и Мигел Олмо, таткото на фудбалерот.
Целата ситуација околу Олмо ја следи и хрватски Динамо бидејќи во зависност од висината на обештетувањето при трансферот од РБ Лајпциг на Камп Ноу, сините сигурно ќе заработат значителна сума.
Неговата откупна клаузула е 60 милиони евра, а доколку би бил продаден за таа цифра, Динамо би добил приближно 6,2 милиони евра.