Дома Трансфер зона Барселона има примамлив предлог до Арсенал, но дали Венгер ќе прифати?

Барселона има примамлив предлог до Арсенал, но дали Венгер ќе прифати?

Каталонците го сакаат десниот бек по секоја цена, а подготвени се и за размена на играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хектор Белерин е првата цел на Барселона за овој трансфер период, но сега Шпанецот е далеку од потпис.

Арсен Венгер не сака така лесно да се откаже од својот првотимец за кого бара минимун 50 милиони евра. Сепак, Барселона би можела да има адут во своите раце, а во прашање е Арда Туран, големата желба на Арсенал.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барса би можела да му понуди на Арсенал размена и да го испратат Туран во Лондон, само за да го добијат потписот на Белерин.

Потсетуваме, алтернатива за Белерин е Нелсон Семедо од Бенфика и јасно е дека Барса ова лето ќе мора да ја засили критичната позиција во тимот по заминувањето на Дани Алвеш во Јувентус. Тука сега се Серхио Роберто и Алеиш Видал, но тие не се покажаа како најдобро можно решение оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…